Шпанските судови ја отфрлија одлуката на Шпанскиот изборен одбор денес и утврдија дека на Карлос Пуџемон и на двајца други сепаратисти од Каталонија кои избегале во странство за да го избегнат апсењето мора да им се дозволи да учествуваат на изборите за Европскиот парламент овој месец.
Шпанскиот изборен одбор објави дека ќе им забрани да се кандидираат на изборите за Европскиот парламент во Стразбур на 26 мај, објави Ројтерс.
Сепак, три судови во Мадрид денеска одлучија во корист на жалбите поднесени од Пуџемон и двајца други сепаратисти кои тврдеа дека нивните демократски права се повредени.
Тие избегаа од Шпанија за да избегнат апсење поради учество во неуспешен обид за отцепување на Каталонија во 2017 година.
Пуџемон и Тони Комин живеат во Белгија, а Клара Понсати во Британија.
Во Шпанија, сè уште има потерница за нив.