На состанокот се дискутираше за мерките кои се преземаат за зголемување на инвестициите во регионот.
Премиерот Ковачевски истакна дека она што е важно е да се развиваат механизми за соработка и заедно да работиме на регионална конкурентност наспроти регионална конкуренција.
Во таа насока премиерот Ковачевски подвлече дека само со конкретни мерки, ќе делуваме кон подобрување и зајакнување на бизнис опкружувањето, не само на нашите национални економии, туку заедно да креираме висока додадена вредност за бизнисот во еден поширок контекст за земјите иницијатори на Отворен Балкан и сите кои сакаат да се придружат на оваа иницијатива, на патот кон ЕУ.
Премиерот Ковачевски подвлече дека за таа цел иницијативата Отворен Балкан, како и во „Берлинскиот процес”, има за цел креирање на синхронизирани политики за привлекување на инвестиции и поддршка на компании.
На состанокот беше заклучено дека вложувањата во инфраструктурата, како и моментот на приближување на синџирите на снабдување на европските компании блиску до границите на Европа, треба максимално да се искористи, бидејќи со новите инвестиции, развој на претприемништвото и иновациите ќе се зголемува извозот, ќе растат новите работни места, како и економиите во целина.