Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Ракимовски почина на 66-годишна возраст.
Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна на „Парни Ваљак“ на социјалните мрежи.
Тој пред три години преживеа мозочен удар.
Ракимовски беше еден од основачите на групата Парни Ваљак и беше вокал на 18 студиски албуми на групата. Засекогаш ќе остане запаметен по песните „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Доџи“, „Моја је пјесма лагана“, „Ухвати Ритам“…
Рахимовски почина во Ново Место, Словенија, откако му се слошило денеска наутро. Аки последниве години живееше во Словенија, а пред две години стана татко на девојче кое го доби со Словенката Барбара Весел.
Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година. Како тинејџер членувал во повеќе ансамбли, а во 1975 година заедно со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ – Хус, Јурица Паѓен и во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха го основале „Парни ваљак“.
Аки имаше два брака. Во првиот го доби синот Кристијан-Кики, исто така пејач, а во вториот ќерката Дина. Врската со неговата втора сопруга Ингрид траела цели четири децении.
Иако е роден во Ниш, набрзо со семејството се преселил во Скопје. Бидејќи неговиот татко бил професор по музика, на седумгодишна возраст започнал музичко училиште, клавир и отсек за пеење. Како тинејџер бил член на неколку бендови, од кои некои биле Група Вакуум, Крвна браќа и Група Тор, со кои настапувал на Загребскиот фестивал во 1975 година.