Германските родители може да се соочат со парична казна поради одбивањето да ги вакцинираат децата против морбили. Законот ќе ја направи вакцинацијата задолжителна за децата во училиштата и за градинките.
Родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца против мали сипаници во Германија може да бидат казнети со парични казни до 2.500 евра, според нацрт-законот што го презентираше министерот за здравство Јенс Спахн.
Законот, кој треба да стапи на сила од 1 март 2022 година, ако помине низ парламентот пред крајот на оваа година, ќе направи вакцинација против мали сипаници задолжителна за сите деца кои посетуваат градинки и училишта, како и за наставници, едукатори и медицински персонал.
Според проценките на Министерството за здравство, законот ќе ги опфати на околу 361.000 невакцинирани деца кои веќе посетуваат училиште или градинка, како и околу 220.000 возрасни.
Агенцијата за контрола на болестите на Германија, Институтот Роберт Кох, забележа 170 нови случаи на мали сипаници само во првите два месеци од 2019 година.