Му беа потребни две години за да го смисли својот следен проект по освојувањето „Оскар“ во 2020 година, а сега се чини дека режисерот на „Паразит“, Бонг Џун Хо го пронајде својот следен филм, и потенцијално, ѕвездата на филмот.
Во моментов, Бонг е во преговори да напише и режира научнофантастичен филм за „Ворнер Брос“, заснован на претстојниот роман на Едвард Ештон, „Мики 7“.
Ѕвездата на „Бетмен“, Роберт Патинсон, е во преговори да ја преземе главната улога. Бонг, исто така, ќе го продуцира неименуваниот филм за својата продукциска куќа „Офскрин“, за Kate Street Picture Company и Plan B.