(Видео) Протести во Истанбул по одлуката за поништување на резултатите од локалните избори

Во неколку делови од Истанбул синоќа избија протести поради одлуката на турската Врховна изборна комисија да ги поништи резултатите од локалните избори на кои победи опозицијата.

И Екрем Имамоглу од Републиканската народна партија, победник на изборите од 31 март и поранешниот премиер Бинали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот со соопштенија потврдија дека ќе бидат на листата на повторните избори закажани за 23 јуни.

Протестите во Истанбул беа во реоните Бешикташ, Кадикој и Шишли.

Треба да знаете
Последни објави