Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пистер забележа победа на гостувањето кај португалскиот Агуаш Санташ (29:27) во групната фаза од Лига Европа. Битолчани лошо го почнаа натпреварот, но брзо фатија ритам и со серија од 4:0 ја анулираа предноста на домаќинот (4:3). Пелистер ја контролираше играта и резултатот и на пауза заминасо три гола предност (12:15).
Битолчани ја искористија својата надмоќност, не застанаа ниту во второто полувреме, прво поведоа со 14:20, па имаа и 18:25, но застанаа. Не ппостигнаа гол девет минути па домаќинот се доближи на само еден гол заостанување (24:25). Танкоски постигна важен гол за 27:29 на минута и пол до крајот и ја обезбеди победата.