Албанија ја гледа Австрија како клучна земја за приближување на Западен Балкан до ЕУ, рече претседателот на албанскиот парламент, Грамос Ручи, во Виена.
Ручи, во разговор со пратениците, истакна дека има земји како Русија и Кина, кои се присутни во регионот, но немаат интерес овој дел на стариот континент да стане членка на ЕУ, како и дека многу земји на Унијата тоа не го сфаќаат.
Поради тоа, смета тој, важно е да се преземе застапување на Западен Балкан кон скептични членки на ЕУ и да се укаже на важноста на регионот за цела Европа.
„Уверен сум дека интегрираниот Балкан нема да претставува дополнителен проблем на ЕУ, но проблемот може да биде неинтегриран Западен Балкан”, рече тој.
Албанија и Северна Македонија, според неговите зборови, очекуваат, по исполнувањето на условите, Брисел да донесе одлука за започнување на преговорите за пристап.
Австриските парламентарци, во разговор со гостинот од Албанија, истакнаа дека за мирот и безбедноста на стариот континент е важно Западен Балкан да биде дел од ЕУ.