Во Полска уапсена активистка поради ставање ЛГБТ симбол на икона

Полицијата во Полска уапси една активистка од организацијата Амнести интернешнал, бидејќи наводно ја осквернавила најценетата католичка икона во земјата, додавајќи ја  бојата на виножитото, која е симбол на ЛГБТ заедницата.

Според министерот за внатрешни работи Јоаким Бружински, жената е уапсена во градот Плок, бидејќи ја осквернала иконата на Мајката Божја.

Според Законот во Полска, за повреда на верски чувста поединци може да бидат казнети до две години затвор.

Најавени се протести поради нејзиното апсење.

Треба да знаете
Последни објави