Британците се обложуваат за името на синот на Хари и Меган

По веста дека војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган добија син, граѓаните на Велика Британија почнаа масовно да се обложуваат, кое име ќе му го дадат на новороденчето.

Бидејќи имињата Диана и Алегра не се повеќе во оптек, оти се роди момче, граѓаните се обложуваат на  Александар и Оливер.

Сепак, во моментов најпопуларен избор е Артур, со коефициент пет наспроти еден, но и Филип со шест наспроти еден.

Во кралската лоза, името Артур се појавуваше неколкупати, а во негово име го има и малиот син на принцот Вилијам, принцот Луис.

Алберт е најпопуларно име во кралското семејство, а во играта се појавува и името Џејмс, кое во моментов има коефициент осум наспроти еден. Имињата Александар и Алфред имаат коефициент 10 наспроти во еден.

Некои од имињата, кои најверојатно нема да бидат избрани, а на кои граѓаните се обложуваат, се Доналд со коефициент 1.000 наспроти еден  и Епл (200 наспроти еден).

Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера соопштија дека се уште не донеле одлука за името кое ќе му го дадат на нивниот прв син, но дека имаат неколку имиња во опцијата.

Треба да знаете
Последни објави