Трамп помилува поранешен војник осуден за убиство на ирачки затвореник

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот поручник на американската армија, Мајкл Беена, од Оклахома, кој беше осуден во 2009 година за убиство на ирачки затвореник, пренесува „Спутник“.

Секретарот за печат за Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека претседателот Трамп потпишал извршна наредба со која целосн го помилува поранешниот војник.

„Случајот на Беена привлече широка поддршка од војската, избраните претставници на Оклахома и од јавноста. За време на издржувањето на казната, Беена беше примерен затвореник. Поради тоа, тој е целосно го заслужува ова помилување”, рече Сандерс.

Во 2008 година, Беена го застрела осомничениот оперативец на Ал-Каеда, Али Мансур Мухамед, за да се одмазди за смртта на двајца припадници на неговиот вод кои биле убени во експлозија. Следната година тој беше осуден на 25 години затвор, но казната му беше намалена за 10 години и тој беше пуштем на условна слобода во 2014 година.

На судењето, Беена признал дека наместо да ја почитува наредбата и да го одведе затвореникот дома, тој го одвел човекот на еден железнички мост, го соблекол гол и го испрашувал под закана со оружје за експлозијата во која забинале неговите соборци. Беена рече дека притвореникот се придвижил кон него, што го поттикнало да го убие во самоодбрана.

Државниот јавен обвинител на Оклахома претходно побара помилување за Беена минатиот февруари. Барањето беше обновено минатиот месец.

Треба да знаете
Последни објави