Помпео и Лавров на состанок во Сочи, на 14 мај

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на 14 мај ќе има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Сочи, изјави за руската новинска агенција РИА претставник од руското Министерство за надворешни работи.

Како што пренесуваат руските медиуми, се очекува двајцата функционери да разговараат за политичката криза во Венецуела и за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Помпео и Лавров, како што се очекува, ќе разговараат и за други теми, како што се Сирија, Украина и контролата на нуклеарното вооружување, но и за притворот на поранешниот американски маринец Пол Велан, кој Русија го притвори под обвинение за шпионажа, што тој одрекува.

Двајцата разговараа синоќа на маргините на собирот на Арктичките земји во Финска, по што американскиот државен секретар рече дека неговите разговори со Лавров се секогаш директни.

– Ние често разговараме телефонски. Се сретнавме некоку пати. Разговорите се секогаш директни, секој од нас работи на свое ниво, за да претстави што нашите лидери бараат од нас. Нашиот однос е сосема добар, изјави Помпео за државната финска телевизија ЈЛЕ

Треба да знаете
Последни објави