Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари вечерва гостува во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21 каде најави политички интересна 2023 година и рече дека постои можност за влез на неговата партија во Владата, иако досега конкретна понуда нема.
„Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата“, вели Арбен Таравари за ТВ21.
Според него, можноста постои затоа што тоа го бара меѓународниот фактор, и доколку тоа го бараат и граѓаните, во тој случај Алијанса може да биде дел од Владата.
„Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот“, додава Таравари, пренесува ТВ21.