Музичарот Хари Стајлс планира голема турнеја наречена Love on Tour 2022. Европскиот дел од турнејата започнува на 28 јануари.
Меѓу многуте европски градови во кои ќе настапува, како Париз, Лондон и Берлин, Стајлс ќе настапи на 13 јули во Будимпешта и три дена подоцна во Виена.
Love on Tour 2022 е втората голема турнеја на познатиот пејач. Турнејата започна во септември минатата година во САД и досега се покажа како многу успешна.
Турнејата требаше да почне во април 2020 година, но поради пандемијата на коронавирус беше одложена за февруари 2021 година. Но и тогаш беше одложена, па дури сега фановите на Хари ќе имаат можност да присуствуваат на неговите концерти.