Албанскиот претседател Илир Мета, кој синоќа присуствуваше на ифтарската вечера, организирана од муслиманската заедница во Албанија, постираше фотографија на која како што напиша „овековечен е посебен миг меѓу претставниците на албанските верски заедници”.
Според него, тоа е уште една потврда за верската хармонија која владее не само меѓу верските старешини туку и меѓу населението во неговата земја, која е пример што треба да се следи во целиот свет.
-Почестен сум што присуствував на ифтар вечерата, организирана од муслиманската заедница во Албанија, да ја споделам со Хаџи Бујар Спахиу и другите верски лидери, почитта кон Светиот месец Рамазан и мојата длабока почит кон сите албански верници за нивната посветеност на Божјата татковина. Честит Свет месец Рамазан. Лесен и благословен пост, напиша на фејсбук претседателот Мета.
Првите луѓе на верските заедници во Албанија,пак, муслиманската, православната,католичката и бектешката, од средбата одржана на тема „Религијата во општеството,албански модел” упатија заеднички апел верската хармонија да се пренесе како вредност на идните генерации.
-Дијалогот и толеранцијата и дадоа на Албанија една од најскапоцените вредности, верскиот соживот. Но, за да се пренесе оваа вредност на генерациите, треба да се зајакне меѓуверскатра соработка и да се осуди секоја форма што ја загрозува верската хармонија по која е препознатлива Албанија, стои во пораката.