Посетата на папата е охрабрување на сите кои немаат надеж, сметаат верници од Хондурас и Шпанија

Меѓу верниците на плоштад Македонија кои ја проследија литургијата на поглаварот на Римокатоличката црква беа и Росио Падрес од Хондурас и Роса од Бургос од Шпанија.

Двете се дел од Мисијата во Католичката црква во Белград. Росио е присутна во мисијата повеќе од осум години, а на Роса ова и е втора година.

Рoсио вели дека посетата на папата е охрабрување на сите оние кои немаат надеж.

– Сигурно како и секој пат тој ќе упати еден охрабрувачки збор што ќе ги охрабри младите да продолжат понатаму, рече Падрес.

Роса од Бургос, Шпанија вели дека првпат е во Скопје и и се допаѓа.

– Има убава атмосфера има многу луѓе кои дошле да го видат папата. Повеќе пати сум била на поклоненичко патување за денот на младите и тука има многу млади кои може да се запознаат. Битно е што папата доаѓа токму тука и што може да охрабри, истакна Роса.

Треба да знаете
Последни објави