Работните групи меѓу Северна Македонија и Бугарија продолжуваат да разговараат околу извоз на струја за земјава и мислам дека досега ќе најдеа решение, но проблем се процедурите, имајќи предвид дека Софија е членка на ЕУ, изјави денесја претседателот Стево Пендаровски во одговор на прашање на МИА, околу текот на преговорите меѓу двете држави за набавката на електрична енергија.
– Две работи се важни во разговорите – цената и количината, мислам дека двете страни во тој дел не се толку далеку, колку што се проблем процедурите, бидејќи Бугарија сепак е членка на ЕУ и не смее да ги крши европските правила и процедури, нагласи Пендаровски, кој денеска престојуваше во Софија на ознчувањето на стартот на работата на гасниот интерконектор Грција – Бугарија.
Пендаровски потенцира дека Бугарија мора да ги почитува правилата и процедурите на ЕУ, бидејќи она на што е европска директива е практично закон во една земја членка на Унијата и со нивно евентуално кршење би подлежела на кривична одговорност.