Авион на аеродромот Белбек во Севастопол излетал од пистата и се запалил денеска, објави рускиот гувернер на Крим, Михаил Развозаев на својот канал на Телеграм.„Вонредна ситуација на аеродромот Белбек. Според спасувачите, при слетувањето авионот излетал од пистата и се запалил. Сега на лице место работат противпожарните бригади“, напиша Развозајев.
На социјалните мрежи кружат снимки кои наводно се направени во реонот на аеродромот Белбек. Според сликите, од местото на несреќата се издигнуваат облаци црн чад. Рускиот гувернер на Севастопол ги повика граѓаните да останат смирени, пренесува ТАСС.