Пред неколку часа во Сараево се случила вистинска драма откако едно лице запалило друго, пренесуваат локалните медиуми.
Како што потврди тамошното МВР, едно лице се здобило со тешки телесни повреди опасни по живот, а сторителот побегнал од местото на злосторството и се уште се трага.
– За се е известен дежурниот обвинител, а полицијата се уште трага по осомничениот кој се товари за кривично дело „убиство во обид“ – соопштија од МУП на КС, пренесува Српскаинфо.
Како што дознаваат босанските медиуми, синот го запалил татко си, а потоа побегнал, а жртвата се здобила со сериозни повреди во вид на изгореници на 75 отсто од телото.
Исто така, како што пренесуваат медиумите, сторителот е лице кое од претходно и е познато на полицијата, а жртвата е пренесена во одделението за пластична хирургија, каде лекарите се борат за неговиот живот.