Алонсо за мечот со Клуб Бриж: Најмалите детали ќе ја решат судбината на натпреварот

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги сподели своите очекувања за натпреварот од 6. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Клуб Бриж.

-Играњето во Лига Европа е многу важно за тимот, за навивачите и за клубот. Сакаме да продолжиме да играме во европските натпреварувања. Ќе се бориме за шанса да се пласираме во Лига Европа. За судбината на натпреварот ќе одлучуваат и најситните детали. Треба да прикажеме идеална тимска игра. Не треба да мислиме на Атлетико. Треба да победуваме и да не размислуваме за ништо друго, изјави Алонсо за веб-страницата на УЕФА.

Клуб Бриж е прв во Б-групата по пет кола со 10 бодови, Порто има девет, Атлетико Мадрид пет, Баер е последен со четири бода.

Натпреварот Баер – Бриж ќе се одржи вечер од 18:45 часот.

Треба да знаете
Последни објави