Мигуел Оливеира стигна до блескава победа за неговиот тим КТМ по повеќе одложувања на стартот на Тајланското ГП поради силниот дожд, триумфирајќи пред двојката на Дукати, Џек Милер и Франческо „Пеко“ Бањаја, кој ја искористи лошата трка за актуелниот шампион Фабио Квартараро, за да стане нов лидер во генерален пласман.
Оливеира во првите кругови го помина освојувачот на пол-позицијата Марко Беѕеки, за потоа без проблем да го остави зад себе Австралиецот Милер, додека зад нив, Бањаја успеа да ги издржи нападите на повеќе возачи зад него како Жоан Зарко, за да освои 18 поени, со кои го прескокна Квартараро во генерален пласман, откако Французинот беше само 17-ти и остана без поени.
Италијанскиот возач сега има 219 поени, два повеќе од Квартараро, а во игра за титулат остануваат и Алеиш Еспархаро со 199 поени и денеска слабиот Енеа Бастијанини со 180 поени.