Ураганот Орлен што брзо се засили на четврта категорија се приближува кон западно Мексико, каде се очекува да предизвика поплави опасни по живот, според Националниот центар за урагани, пренесува Си-Ен-Ен.
Ураганот, со максимални постојани ветрови од 130 милји на час, се предвидува дека ќе стигне до брегот на континенталниот дел на Мексико во понеделник или во понеделник навечер (по локално време), со што ќе се спушти јужно од Мазатлан, Синалоа, каде што поплавите ќе бидат опасни по живот.