Во Државниот архив со Скопје денеска свечено ќе биде отворен Центарот за дигитализација во рамки на Одделението за средување и обработка на архивски материјал – османлиски период, чие опремување е донација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).
На свеченоста по повод донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мемет Секизќок, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик и програмскиот директор на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, кои ќе одржат и работна средба со директорот на Државниот архив, Емил Крстески.