Конго е земјата на која во моментов и е најпотребна помош во храна, се посочува во нацрт-извештајот за безбедноста на храната изготвен од хуманитарните агенции.
Според проценките, најмалку 26 милиони луѓе, повеќе од една четвртина од населението, се соочуваат со недостиг од храна, најмногу поради воените конфликти во земјата. Економските последици од пандемијата со Ковид-19 и војната во Украина дополнително ја влошуваат ситуацијата.
Гладот расте во делови од провинцијата Северен Киву, каде од ноември минатата година се водат борби меѓу бунтовниците и владините сили.
Од безбедносни причини само десет проценти од хуманитарните и здравствените работници од списокот хуманитарни групи за помош добија дозвола за пристап до ранливите категории граѓани на Конго.
Голем број луѓе поради насилствата беа принудени да ги напуштат своите фарми, на кои скапува собраната храна.
Хуманитарците предупредуваат дека доколку борбите продолжат, уште неколку милиони луѓе би можеле да се соочат со тешка глад.