На 06.05.2019 година околу 21 часот било пријавено дека на булевар „АВНОЈ“, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“ лицe фрлилo камен кон автобусот што ги превезувал навивачите на кошаркарскиот клуб „Работнички“,
При тоа бил скршено прозорско стакло, а Х.Н.(17) и М.Б.(17), двајцата од Скопје биле повредени и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.