Рози, сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со сукња над колена седна спроти папата на плоштадот Македонија. Таа, како и Маја Иванова, сопругата на претседателот, се облече спротивно од правилата на Ваткан. За разлика од Маја, Рози избра проѕирни хулахопки кои оставаат впечаток на голи нозе. И нејзиното здолниште беше над колена. На официјалната страна на Ватикан, во делот за дрес-кодот при средба со папата стои дека: Кога ќе се сретнат со папата, за жените е прифатливо да носат црна боја, фустани со едноставен крој, со покриени раменици и фустанот да е под колена.