Претседателот на Наполи со предлог за Европски куп со 80 тима

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис предложи револуционерна промена во европскиот фудбал, кој ќе стави крај на Лигата на шампионите и Лига Европа, и наместо нив, да се создаде Европски куп со 80 тима.

– Лигата на Шампионите и Лига Европа треба да бидат отстранети. Сегашниот формат на ЛШ фаворизира малкумина избрани клубови, додека Лига Европа е утешна награда. Сето веќе е многу старомодно. Фудбалот ни стана здодевен, изјави италијанскиот филмски продуцент.

Она што Де Лаурентис го нуди е турнир што ќе ги вклучува првите седум екипи од италијанското, германското, англиското, шпанското и француското првенство, како и првите четири екипи од португалското, холандското, белгиското, шведското и сите други првенства на Стариот континент. Тимовите ќе бидат распределени во четири групи по 20 тима, а ждрепка ќе го одреди календарот и кој прв ќе игра дома.

– Ќе го наречам Европски куп и натпреварите ќе се играат во вторник, среда и четврток, за да биде слободен викенд за локалните првенства, објасни ексцентричниот сопственик на Наполи.

Треба да знаете
Последни објави