Евакуирани 40.000 луѓе поради поплави низ Парагвај

Околу 40.000 луѓе се евакуирани поради поплавите низ Парагвај, изјавија официјални лица од оваа јужноамериканска земја.

Официјалниот претставник на Националната служба за вонредни состојби, Хоакин Роа, соопшти дека над 10.000 луѓе се евакуирани во главниот град, Асунсион, објави АП.

Останатите евакуирани лица се распоредени низ целата земја, долж надојдените реки на Парагвај.

Нормалниот водостој на реките во Парагвај е 4 метри, но сега достигна 6,92 метри во главниот град, поради невообичаено обилните дождови кои паѓаат од март.

Треба да знаете
Последни објави