Де Брујне навести дека Светското првенство во Катар може да му биде последно

Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне навести дека Светското првенство во Катар ќе биде негово последно во кариерата. 

– Веќе имам 31 година и очигледно не знам што ќе се случи за четири години. Ова е мој трет Мундијал. Сфаќам дека моето време во репрезентацијата е при крај. Но, ние не разговараме за тоа со соиграчите. Имаме многу напорен распоред, изјави играчот од средниот ред на Манчестер сити и Белгија.

На Светското првенство во Катар (20 ноември – 18 декември) Белгија ќе игра во Ф-групата со репрезентациите на Хрватска, Канада и Мексико. 

Треба да знаете
Последни објави