Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на ТВ24 запрашан за безбедносната состојба уште еднаш потенцираше дека таа е стабилна и во овој момент без никакви индиции дека може да биде нарушен мирот, безбедноста и спокојот на граѓаните.
Спасовски образложи дека глобалните случувања како што се воената агресија на Русија врз Украина,економската криза, енергетската криза и случувањата во регионот секако дека има свое влијание, како што се хибридните закани кај нас, во земјите во регионот, но и во многу европски како и хибридните напади во некои земји кои се зачестени со почетокот на воената агресија.
„Нема потреба од подигање на нивото на безбедност на институциите од безбедносниот сектор, бидејќи постојаната координација и добро поставените приоритети на институциите во тој дел целосно ја одржува стабилна безбедносната состојба во државата”, потенцираше министерот Спасовски.
Министерот Спасовски објасни дека координираното планирање на активностите на безбедносните институции и брзиот одговор на заканите во најголема мерка влијае на одржувањето на безбедносната состојба стабилна.