Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски учествуваат на редовните годишните средби на Европската банка за обнова и развој во Сараево.
Како што најави владината прес-служба, премиерот Заев денеска ќе учествува на церемонијата на отворање на Годишното собрание на ЕБОР, а ќе се обрати и на панелот на високо ниво на лидери од шесте земји на Западен Балкан.
Главна тема на годинашниот бизнис-форум ќе биде „Поврзување на економиите за посилен раст”, а агендата ќе покрие широк опсег на области релевантни за сите држави во кои што работи ЕБОР како: инвестиции, миграција, туризам, дигитизација. Ќе се одржат и дискусии за регионални прашања со фокус на можностите за инвестиции во Западен Балкан.
Во тек на на 28.Годишен состанок на Одборот на гувернери, инвестициска конференција и бизнис-форум ЕБО.Р се очекува присуство на повеќе од 2 000 претставници на меѓународната бизнис-заедница, инвеститори, гувернери на ЕБОР, министри за финансии, економисти, благајници или централни банки, претставници на граѓански организации.
Европската банка за обнова и развој, како меѓународна финансиска институција што поддржува проекти во над 30 земји од светот, минатата година инвестира 1.1 милијарда евра во државите од Западен Балкан.