Конференција на тема „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција во пресрет на извештајот на Европската Комисија” ќе се одржи денеска во Скопје, со цел да се иницира дискусија за напредокот во справувањето со организираниот криминал и корупција во пресрет на извештајот на ЕК за Република Северна Македонија.
На конференцијата најавено е обраќање на министерката за правта Рената Дескоска, на раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини, на шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција Вилма Русковска, на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на претседателот нна Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска и на првиот извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи АДИ, Алберт Муслиу.
Конференцијата е дел од проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во справување со организиран криминал и корупција”, финансиран од Делегацијата на Европската Унија.