Нова програма на ОН за откривање на движењето на странските борци во ИД

Канцеларијата на Обединетите Нации за борба против тероризмот започна нова програма за да им помогне на земјите да го откријат и спречат движењето на странските борци кои се бореле во редовите на екстремистичките групи, како што се Исламска држава и Ал Каеда.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека оваа програма користи нов софтверски систем за собирање, обработка и размена на информации за тие патници со национални и меѓународни власти.

Тој рече дека по поразот на Исламска држава во Сирија и Ирак, многу од странците кои таму се бореле, а се проценува дека вкупно се повеќе од 40.000, се обидуваат да се вратат дома или да заминат на безбедно, каде ќе можат да изведуваат терористички напади и да регрутираат нови следбеници.

Гутереш рече дека „откривањето на овие терористи и други високоризични криминалци е најголем приоритет на меѓународната заедница”.

Треба да знаете
Последни објави