Израел нема да му дозволи на Иран да поседува нуклеарно оружје, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, откако Техеран најави дека ќе престане да се придржува на одредени делови на нуклеарниот договор од 2015 година.
„Слушнав утрово дека Иран планира да продолжи со својата нуклеарна програма. Нема да му дозволиме на Иран да поседува нуклеарно оружје“ рекол Нетанјаху во говорот по повод Денот на сеќавање на паднатите војници.
Претходно денеска, претседателот на Иран Хасан Рохани објави дека се повлекуваат од клучните обврски на меѓународниот нуклеарен договор, од кој пред една година излегоа и САД.
Тој најави дека во текот на денот ќе им испрати писмо до лидерите на Русија, Кина, Германија, Франција и на Велика Британија. Сите тие, заедно со Иран и САД, беа потписнички на договорот, според кој Иран го ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции