Силна експлозија на автомобил-бомба во Кабул

Најмалку девет лица се повредени во денешната експлозија на автомобил-бомба, детенорани во Кабул во близина на една невладина организација.

Портпаролот на Министерството за здравство информира дека сите повредени веднаш се пренесени во болница.

– Можам да потврдам експлозија во областа Шар-е-Нав во Кабул. Ги проверуваме деталите, изјави Фердавс Фрамурц, портпарол на градските полициски сили.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими истакна дека во областа има и спорадични истрели од огнено оружје.

Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид потврди дека цел на нападот била канцеларијата на невладина организација, која главно соработува со УСАИД во Авганистан.

Треба да знаете
Последни објави