Секоја година на првиот понеделник во мај во Музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк се одржува Мет Гала. Оваа година темата беше „Камп: Записи на мода“, а многумина привлекоа внимание со креациите што ги носеа на црвениот килим, меѓу кои и Ешли Греам (31), една од најпознатите плус сајз модели. Таа на црвениот килим се прошета само во сако на „Гучи“. На нозете имаше најлонки на кои зборовите беа напишани со циркони и носеше проѕирни чевли со висока потпетица.Иако дојде речиси гола на Мет Гала, таа без проблем позира пред камерите. На забавата по манифестацијата, сепак, моделот имаше повеќе облека, таа се забавуваше во златен тесен фустан, кој ги нагласуваше нејзините облини