Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ е во Париз каде ќе ја брани титулата на последниот АТП Мастерс од серијата 1000 која ја освои минатата година во „Берси арената“. Мастерсот во Париз почнува денеска, а Ѓоковиќ ја има улогата на шести носител од каде што ќе проба да дојде до седмата титула.
Додека се подготвува за неговиот прв меч Србинот покажа дека не е само голем тениски ас туку е и вистински џентлмен. Тој прекина со трчањето во еден од парковите во близина на арената за да и помогне на една жена која имала проблем со своите куфери. Видеото го снимил случаен минувач и тоа веднаш стана вирален хит.
Si jamais vous avez une valise trop lourde dans le secteur du Parc de Bercy, Novak Djokovic peut peut-être vous aider ????
(???? @iamjomoreira) pic.twitter.com/TnWojNlbc8
— We Are Tennis France (@WeAreTennisFR) October 31, 2022