Талибанците ја презедоа одговорноста за силната експлозија што се случи во центарот на авганистанскиот главен град Кабул, објавија локалните медиуми во средата.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими, изјави дека експлозијата се случила во близина на канцелариите на CARE International, невладина организација со операции во Авганистан.
„Не ја знаеме природата на експлозијата, но се слушнале и исрели од мало оружје”, додаде Рахими.
Авганистанското Министерство за здравство објави дека најмалку 12 лица се повредени во експлозијата.
Безбедноста е на зголемено ниво во Кабул откако талибанските милитанти ја прогласија својата годишна пролетна офанзива чија цел се авганистанската влада и странските инсталации.
Авганистан е во нестабилна политичка, социјална и безбедносна ситуација поради активноста на талибанците и терористичката Исламска држава. Авганистанските национални одбранбени сили и безбедносни сили во моментов спроведуваат заеднички операции за борба против тероризмот низ целата земја со поддршка од меѓународната коалиција.