Арсовски: Антикорупциска да го испита криминалното делење грантови на Фондот за иновации

Денеска сме повторно пред антикорупциската комисија да ја потсетиме на уште неколку сомнителни случаеви на корупција од страна на актуелните функционери на Владата на СДСМ, изјави Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

„Ги повикуваме и охрабруваме, а воедно и поддржуваме антикорупционерите да ги испитаат следниве случаеви на можна корупција во Владата на СДСМ. Да потсетиме дека Фондот за иновации го имаше најкриминалното делење на грантови пред точно 10 месеци. Десетици фирми со блиски конекции до Владата добија грантови во вредност од неколку милиони евра, пари на граѓаните. Ги повикуваме антикорупционерите да испитаат како беа првично доделени грантови на фирмата КАСТ ИНВЕСТ во која што еден од сопствениците е и Вицепремиерот Кочо Анѓушев која што доби над 160.000 евра од Фондот за иновации?

Како печатницата „Гинис” од Прилеп чиј сопственик е пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец доби 10 милиони денари грант од Фондот за иновации? Како беше можно баш снаата на Цветанка Ласкова која е советничка на Заев, да добие дури 360 илјади евра државни пари за фирмата за информатичка технологија „Декодиск“ кои планирале да развиваат апликација? Како беше можно баш претседателот на ОО Кавадарци Горан Тодоров, да добие 296.000 евра од Фондот за иновации за нова амбалажа и вкус на алое вера за фирма  „Кодинг – Горска“ ДООЕЛ?

Како беше можно баш Александар Семенпеев, советникот на СДСМ во Општина Богданци,  кој е и сопственик на печатницата „Софија“ ДООЕЛ Богданци, да добие грант од Фондот за иновации во вредност од на  1 милион денари.

Како беше можно баш фирмата „Т- сенс“ во којашто малцински сопственик е сопругата на министерот за култура Асаф Адеми да добие грант од 65 илјади евра за иновација за софтвер за продажба на производи на скандинавскиот пазар?

Јавното обвинителство за истите овие случаеви отвори постапки кои никогаш повеќе не беа споменати,односно беа само со една цел да се замаји и дефокусира јавноста па еве им простор на антикорупционерите ако се подготвени да ја спречат корупцијата да ги отворат овие случаеви и да ги сведат до самиот крај.

 

Треба да знаете
Последни објави