Русија ги повика преостанатите потписници на иранскиот нуклеарен договор, по повлекувањето на САД минатата година, да ги исполнат своите обврски, за да го спасат тој долго договаран текст потпишан во 2015 година.
„Единствени практични чекори кои треба да се преземат за решение на ситуацијата во врска со договорот, е да се уверат сите учесници во потребата од исполнување на нивните обврски“ рекол рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по разговорите во Москва со иранскиот колега, Мохамед Џавад Зариф.
Лавров го опиша договорот, кој ги вклучува Русија, Кина, ЕУ и Иран, како многу сложена и избалансирана конструкција, која е ослабена со повлекувањето на САД, пред точно една година.
Иранското Врховно осбрание за национална безбедност најави дека земјата ќе престане со ограничување на своите резерви на тешка вода и збогатен ураниум, со што се откажува од своите обврски преземени во рамки на договорот склучен во 2015 година во Виена.