Поради ракот, Кајли Миног не може да има деца

Музичката ѕвезда Кајли Миног откри дека не може да има деца, а причината за тоа е ракот на дојката што ѝ беше дојагностициран пред речиси 15 години.

„Имав 36 години кога ми беше дијагностициран рак на дојка. Иако во тоа време децата не ми беа на дневен ред, тогаш се промени сè“, рече пејачката за „Стил тајмс“.

Таа во интервјуто рече дека сега сака да биде мајка и дека ѝ е жал што не успеала да роди свое дете.

„Не сакам да се нервирам, тоа нема да смени ништо, но понекогаш се прашувам како би било да се биде мајка. Сите ми кажуваат дека постојат опции што сè уште може да се случат, но не знам… Сега имам 50 години, опуштена сум со мојот живот. Не можам да кажам дека нема да се жалам, но ќе ми биде многу тешко ако продолжам да се нервирам за проблемот. Треба да прифатите каде сте и да се движите напред“, изјави таа.

https://www.instagram.com/p/Bt3v-bTgLuu/?utm_source=ig_embed

Познатата пејачка во моментов е во врска со 45-годишниот Пол Соломонс, креативен директор на британското издание на GQ.

„Сретнав човек со кого ми е добро, чувствувам дека тоа е она вистинското“, рече Кајли во интервјуто.

Треба да знаете
Последни објави