Поради поврзување на нова водоводна мрежа на бул. „Крсте Мисирков”, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, вклучително комплексот УКИМ и ул. „Отокар Кершовани”.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канзлизација”, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.