САД, заедно со своите сојузници, не престануваат со напорите во борбата против формирањето мултиполарен светски поредок, настаните во Украина станаа дел од оваа конфронтација.
Ова стои во апелот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, до учесниците на светската тематска конференција на руски сонародници што живеат во странство: „Економска соработка: сонародници и руски региони. Одговор на предизвиците на времето“.
Текстот денеска го прочита Александар Нуризаде, директор на Одделот за работа со сонародници во странство при Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува ТАСС.
„Она што се случува во Украина не е само уште еден регионален конфликт, туку дел од борбата за иднината на светскиот поредок. Сведоци сме на постојани напори на САД и западното малцинство предводени од нив да го забават објективниот процес на формирање мултиполарен светски поредок, вклучително и преку промовирање на концептот на поредок заснован на правила. Денес, западните лидери отворено го признаваат тоа, зборуваат за сопствената ексклузивност и супериорност во однос на другите цивилизации“, рече Лавров.
Нагласи дека сегашната геополитичка ситуација е невидено влошена по почетокот на специјалната операција во Украина, па непријателските држави почнаа целосна хибридна војна против Русија.