Хеликоптер се урна во централна Норвешка, при што загинаа две лица, а едно е тешко повредено, пренесува АП.
Норвешките медиуми јавуваат дека хеликоптерот се урнал во близина на градот Вердал и дека несреќата, најверојатно, била предизвикана од густа магла. Пилотот неколкупати се обидел да слета, но безуспешно.
Истрагата за причините за падот на хеликоптерот е во тек.