Компаниите во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп пријавиле загуба од 1,17 милијарди долари, меѓу 1985 и 1994 година, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од даночни документи од тој период.
Најверојатно, Трамп во тој период, годишно губел повеќе пари од речиси кој било поединечен американски даночен обврзник. Тоа не би било толку проблематично, наведува Си-ен-ен, ако Трамп за време на претседателската кандидатура не се претставувал како милијардер, односно неговата финансиска успешност, додека во исто време, наспроти притисокот на Конгресот, недвосмислено одбивал да ја претстави својата даночна пријава на јавноста.
Според „Тајмс“, во 1990 и 1991 година, Трамп секоја година во деловна смисла, губел повеќе од 250 милиони долари. Всушност, Трамп во еден период изгубил толку пари, поради што осум години избегнувал да плаќа данок на доход.