Раководството на Меморијалниот музеј на поранешниот нацистички логор Аушвиц-Биркенау во Полска остро го нападна сајтoт за продажба на предмети на независни дизајнери „Redbabl”, бидејќи нуди мини здолништа и перници со фотографии на озлогласениот концентрационен логор.
На твитер-налогот на Музејот се вели дека понудата на такви производи со фотографии од Аушвиц е „вознемирувачка и без почит”, објави АП.
.@redbubble Do you really think that selling such products as pillows, mini skirts or tote bags with the images of Auschwitz – a place of enormous human tragedy where over 1,1 million people were murdered – is acceptable? This is rather disturbing and disrespectful. pic.twitter.com/cdPvZGMXC6
— Auschwitz Memorial (@AuschwitzMuseum) May 7, 2019
Се наведува дека фирмата со седиште во Австралија им дозволува на уметниците да креираат и дизајнираат маици и други производи и директно да ги презентираат на јавноста.
Од „Redbabl” велат дека спорните производи веднаш ќе бидат отстранети од продажбата.
Од 1940 до 1945 година во Аушвиц беа убиени Евреи, Роми, Полјаци и Руси.