Албанските пејачки Дуа Липа и Рита Ора веќе не разговараат, пишуваат британските медиуми. Двете девојки кои одеа заедно во училиште во Лондон се скараа, но засега не ја откриваат причината. Дека не се во добри односи покажа и тоа што се избегнуваа на „Мет Гала“ во Њујорк пред два дена.
„Тоа е штета, знаејќи колку тие две беа блиски и дека Дуа постојано раскажуваше колку ѝ се восхитува на Рита“, изјави нивен заеднички пријател за „Сан“.
Во јавноста кружат гласови дека девојките не разговараат затоа што Липа во моментов е малку поуспешна од својата колешка, па Ора се налутила прва.