Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан продолжува да работи на реновирање на тимот. Според „АС”, Французинот сака да го врати на „Сантијаго Бернабеу” дефанзивецот Ашраф Хаким, кој во моментов игра како позајмен во Борусија Дортмунд.
Изданието смета дека целта на Зидан е да ја зголеми конкурентноста на Марсело. Тоа би значело дека на Тео Ернандез (позајмен на Реал Сосиедад) ќе му се бара купувач, а миленикот на поранешниот тренер Сантијаго Солари – Серхио Регилон ќе биде изнајмени или продаден со опција за повторно купување. Вториот сепак не губи надеж дека ќе го убеди тренерот дека има место за него во тимот.
Нема да биде лесно Хакими да се врати во Реал уште ова лето, бидејќи во минатата, тој беше позајмен во Дортмунд за две сезони. Во договорот меѓу двете страни нема ниту откупна клаузула, ниту таква за предвремен прекин. Така во Мадрид ќе треба да преговараат со германските колеги, кои сепак држат на тоа дефанзивецот да остане на „Сигнал Идуна Парк” и наредната сезона. Односите меѓу двата клуба се одлични, а репрезентативецот на Мароко нема ништо против да се врати во својот клуб побрзо од очекуваното.
Иако е десен бек, 20-годишниот фудбалер во оваа сезона игра лево и импресионира со настапите, претворајќи се во стартер пред повредата, поради која ќе го пропушти крајот на кампањата.