Владата денеска во рамки на 134.седница го разгледа и усвои Извештајот за завршени преговори за склучување на Меморандум за разбирање меѓу Владата и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за соработка во областа на дијаспората.
Целта на овој Меморандум за разбирање, како што соопшти владината служба за информирање, е двете страни да ја продлабочат директната соработка преку советодавна поддршка за развој на политики и стратешки документи за дијаспората, за поддршка во нејзино ефективно ангажирање, и за градење на капацитетите на институционалните чинители кои имаат надлежности за прашања поврзани со неа, за следење на напредокот и мерење на резултатите во областа на нејзиното ангажирање, како и за заедничко прибирање на финансиски средства за поддршка на проекти за дијаспората.