Владата денеска на 134.седница ја разгледа и усвои Информацијата за одржаниот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација.
Владата, како што соопшти владината служба за информирање, го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) да номинира посебен тим задолжен за координација, мониторинг и известување во однос на реформите и да ја информира Европската комисија (ЕК) преку Секретаријатот за европски прашања (СЕП), најдоцна до 31 мај.